Во пресрет на големиот празник, денот на Христовото раѓање Божик, Битола и битолчани го празнуваат Бадник, ден кој го наговестува неговото раѓање.

Пред големиот настан, во овогодишните подготовки за Бадник, во работилницата се вклучи и градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.

Заедно со организаторите и дечињата, изработија над 2000 Божиќни ѕвезди кои ќе го осветлуваат патот на Бадникарчињата и оваа година по Широк Сокак.

Во рамките на подготовките, се одржа последната проба на тимот за организација на „Бадникови поворки 2025 Битола“.

Дечињата најдобро го најавуваат Христовото раѓање, со носење на ѕвездите, кои ја симболизираат Божиќната ноќ, кога е роден Христос, велат од Општина Битола.
На Бадник, 06.01.2025, во 12:00 часот од Плоштадот „Магнолија“ по Широк Сокак ќе се движи големата Бадникова поворка.












