Подготовки на 17-тото издание на Модниот викенд во Скопје

0
183

Модниот викенд Скопје го најавува своето седумнаесетто издание кое
ќе се одржува од 30 март до 1 април под слоганот „What feeds your imagination?“,
во нов и необичен амбиент -Националната универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“ во Скопје.

Изминатиот викенд пред фото објективите застана новата FWSK
девојка од модната агенција „Подиум“ Мануела Гочевска.
– Водени од мислата дека несекојдневното место е всушност и најдоброто место за да ги видите пролетните колекции, токму во библиотеката ќе ве пречекаме на седумнаесеттиот Моден викенд Скопје-велат организаторите.
Модата се смета за еден од најголемите визуелни феномени веќе со децении и она што
одамна ги помести границите меѓу уметноста, литературата, архитектурата и формите.
Резултат на интеракцијата меѓу модата и уметноста е имагинацијата. Преку модните
креации сакаме да ги прочитаме, ослободиме и предизвикаме имагинациите и
визуелната култура кај сите модни вљубеници.
Тера телевиизја и оваа година партнер на овој настан.