Подигнување на свеста за вакцинацијата

0
997

И Битола се вклучи во одблежувањето на Eвропската недела на имунизација. Со цел подигнување на свеста кај родителите за важноста од вакцинирањето  Центарот за јавно здравје од Битола преку предавања и трибини во училиштата и градинките, и со делење на флаери и брошура на плоштадот Магнолија се вклучи во одбележување на Европската недела на имунизација

-Вакцинацијата претставува најефективна превентивна мерка за заштита од поголем број на заразни заболувања. Треба да се подигне свеста кај родителите за да ги вакцинираат своите деца, бидејчи на тој начин не ги заштитуваат само своите деца туку ги заштитуваат и останатите околу нив. Вакцините се безбедни, се ефикасни, штитат од голем број на смртоносни заболувања. Имено голем број на болести кои што ги имаме заборавено во минатото, уништувале повеќе животи, повеќе и од војните и од природните катастрофи, а вакцинацијата е таа мерка со која што ги превенираме тие болести, рече м-р.др Светлана Поповска Кљусева, специјалист по епидемиологија од Центарот за јавно здравје во Битола.

Неделата на имунизација започна на 23 април а ќе трае до 29 април.