Подобри закони за поубави градови-роденденска кртична маса во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Каде го чувате вашиот велосипед? На тераса? Во влезот од зградата? Во ходникот од домот? Во подрум? Ниедно од овие места не е наменето за чување велосипед.
Ако со закон е задолжително да се обезбедат одреден број на паркинг места за автомобили, тогаш зошто да не важи истото и за велосипеди?
Луѓето имаат реална потреба од паркинг за своите велосипеди.
Недостатокот на безбеден и лесно достапен паркинг за велосипеди ги демотивира луѓето да го користат велосипедот како редовно транспортно средство.
Ова се само дел од темите за 48- та критична маса и 4-тиот роденден на Битола на точак, под мотото “ПОДОБРИ ЗАКОНИ ЗА ПОУБАВИ ГРАДОВИ”.
Доколку се стремиме велосипедот да биде користен како секојдневно превозно средство, велосипедскиот паркинг, безбедното паркирање на кратко време на соодветни држачи и безбедното складирање на подолго време во соодветни простории е една од темите кои треба сериозно да се адресираат со соодветни правила за проектирање.

Со оглед дека велосипедот зафаќа многу помалку простор од автомобилот ,финансиските трошоци на инвеститорите ќе бидат незначително зголемени.

Меѓутоа покрај индивидуалната придобивка кај корисниците на тие вело-паркинг места, јавните придобивки ќе бидат многу поголеми.
Со поголемата достапност на соодветен паркинг за велосипеди и поголемото користење на велосипедот, ќе се влијае кон намалување на употребата на индивидуалниот автомобил што позитивно ќе влијае на: намалување на метежот, зголемување на безбедноста, подобрување на здравствената состојба на граѓаните итн.
300 Битолчани возеа на предвидената рута низ улиците на Битола, од најмлади до најстари, уживаа во возењето низ битолските улици.

Целта на овој настан е популаризација на велосипедот како урбано превозно средство.

 

Share.