Под контрола двата пожари во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска после пладне два пожари во Битола. Едниот пожар е во населбата Брусничка населба на ул. Ужичка Република, а другиот пожар е во населбата Стрелиште. И на двете локации според информациите од пожарната во Битола гори сува трева.

Од ТППЕ во мементот интервенираат на двете локации. На терен се три противпожарни возила и пет пожарникари и се работи на локализирање на пожарите. Од таму додаваат дека првиот пожар е пријавен во 13 часот кај населбата Стрелиште, а другиот во 13часот и 45 минути. Во гасење на пожарот се вклучи и месното население.

Од ТППЕ велат дека проблем во гасењето на пламените јазици создава ветерот.

Попладнево околу 16 часот од ТППЕ во Битола рекоа дека двата пожари се под контрола.

Share.