Поевтинуваат горивата за 2,5 денари по литар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) малопродажните цени на бензините и дизелот поевтинуваат.

Од ноќeска на полноќ цената на горивата се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи РКЕ.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 65,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 67 денари за литар, Еуродизел (Д-Е V) за 57 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,243 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,856 денари за килограм.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,19, односно за 4,21 отсто.

Share.