ТЕРА

REKLAMA???

ПОЕВТИНУВАЊЕ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,77%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 91,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 94,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 93,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 88,00 ден/лит. 

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,567 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,622 ден/кг.

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 91,50 (денари/литар)

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 94,00 (денари/литар)

Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 93,00 (денари/литар)

Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 47,622 (денари/килограм)