Во Офицерскиот дом се одржа “Поетско матине со Роберто Наси”.
На настанот присуствуваа и учениците и професорите од Музичкото училиште, Гимназијата Ј. Б. Тито, и “Таки Даскалот”.
Роберто Наси припаѓа во поистакнатите италијански поети од средната генерација.

Роден 1973 година, живее во Виченца. Објавил неколку збирки поезија, меѓу последните “Логика на сенките”, “69 снегулки” “И ништо не е тоа што е”, “Варијации на езерото”, “Летечката невеста”. Неговиот обемен роман во стихови сè уште чека објавување, плод на 12 години креативна работа.Тој исто така, пишува критики и преведува на англиски јазик. Уметнички е раководител на поетскиот фестивал Flussi di/versi во Каорле, уредува библиофилски изданија на поезијата I дијамантини во Катанија, Сицилија.
Како критичар се занимавал со поети од дваесеттиот век, додека Песните од Кнут Скинер и Божјата рака од Пол Полански се последните преведени работи.












