Пожари и на Закинтос

0
208

Делумно под контрола се ставени пожарите на грчките острови Андрос и Закинтос, додека пак за денеска Секретаријатот за цивилна заштита на Грција предупредува за зголемена опасност од нови пожари.

Според локалните медиуми од Закинтос, вчерашните пожари во селата Килиоменос и Махерадо се делумно ставени под контрола. Во гаснењето учествуваат 10 пожарникари со пет возила, еден канадер, два авиона и еден хеликоптер.

На островот Андрос, како што соопштуваат од грчката противпожарна служба, пожарот ви областа Амолохос е ставен делумно под контрола. Таму, во гаснењето учествуваат осум пожарникари со четири возила и два авиона.