Пожарот во населбата Баир отвара нови прашања

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Синоќа околу 22 часот во населбата Баир во Битола голем пламен зафати три куќи. Една куќа од пожарот целсоно изгорела, од втората куќа пожарот ја уништил кровната конструкција и една соба на долниот кат, а од третата куќа биле зафатени гредите. Од ТППЕ во Битола интервенирале со едно возило и 5 пожарникари, каде подоцна дошло уште едно возило за дотур на вода.

-Со самото доаѓање на противпожарната единица настанаа несакани последици каде едноставно пожарникарите кои се задолжени да го штитат имотот на граѓаните беа оневозможени, извршија секаков вид мобинг со само ним познати причини, рече Костадин Поповски, командир на ТППЕ Битола.

При гасењето на пожарот од ТППЕ велат дека за време на акцијата од група граѓани биле вербано напаѓани со што биле оневозможени во вршењето на својата задача.

-Кога  беше при крај акцијата луѓето сфатија дека толку е нашиот капацитет и ние се сторивме, но друга група луѓе цело време не напаѓаа. Имаме само двајца возачи во смена, така што ако имаше друг пожар, не е можеше да се помогне, вели Влинтовски.

По однос на обвинувањата за повредениот сосед, Влинтовски со објаснување

-При интервенцијата возачот на камионот бидејќи не можеше директно да се упати кон улицата која беше тесна, мораше да направи маневар со камионот и се упати кон угорницата да сврти во рикверц. Во меѓувреме му изгасна камионот, соседот незнам зошто ја отвори вратата, и со вратата го повреди. Цело време бевме под притисок и напади, 26 години сум на работа вакво нешто немало. Од граѓаните имаше и што помогнаа, но дел од нив не напаѓаа, рече Влинтовски.

-Беше повикана и ЕВН требаше да се исклучи електричната енергија за да можат да гасат пожарникарите, бидејќи под висок напон пожарникарите не смеат да гаснат. ЕВН не дојде да ја исклучи електричната енергија, рече Поповски.

Од Невладината „Неводром“ реагираат за како што велат задоцнетото пристигнување на ТППЕ од Битола за цели 20 минути, и наводно интервенирале со полупразна цистерна .Од Пожарната велат имаат недостиг на кадар и возила.Според законот единицата треба да брои 71 пожарникар .Моментално Пожарната во Битола располага со 21 професионален пожарникар, и нови  8 непрофесионални пожарникари вработени преку Агенцијата за привремено вработување кои немаат сертификат и неможат да учествуваат во гасење пожар. Раполагаат и со 9 противпожарни возила .

-Ако бројката на професионални пожарникари  ја имавме нормална тогаш ќе отидевме со две возила. Ефикасноста ќе беше уште поголема, но и во ваква ситуација единицата ревносно си ја извршува должноста. Законски единицата треба да брои 71 пожарникар, но бројка од 40-50 би била доволна. Имаме 9 возила, не се проблем, исправни се, но немаме возачи,вели Поповски.

Од МВР денес соопштија дека во врска со настанот било приведено едно лице за кое што се претпоставува дека го подметнал пожарот.

На 01.05.2018 година околу 22,00 часот во Секторот за внатрешни работи Битола бил пријавен пожар кој зафатил три куќи лоцирани на улица „Дебарска“ (кај браната). Интервенирано било од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, при што едната куќа била целосно изгорена, а двете биле делумно изгорени. Во врска со настанот во полициска станица било приведено едно лице од Битола за кого се претпоставува дека го подметнал пожарот. Увидот ќе продолжи во текот на денешниот ден и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share.