Пожар во куќа во Битола, сопственикот повреден

0
1157

Синоќа во куќа на ул.„Лавчански пат“ во Битола, избувнал пожар. Пожарот настанал во една од собите и во тој момент сопственикот бил во куќата. Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат. Во обид да го гаси пожарот, тој се здобил со повреди по што бил пренесен во Клиничкатра болница Битола.

фото: илустрација