Пожар во луксузен хотел во центарот на Лондон

0
190

Околу 100 пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарот кој изби во хотелот Мандарин Ориентал во центарот на Лондон.

Пожарот е пријавен вчера во 16 часот по локално време. Улиците околу 12-катниот хотел се затворени, а на местото на настанот има возила за брза помош, како и 15 противпожарникарски возила. Во моментов пожарникарите го пребаруваат хотелот, во случај некој од гостите или персоналот да не останал по евакуацијата.

Шефот на противпожарната бригада Пем Опароча изјави дека пожарникарите „работат исклучително напорно за да го стават огнот под контрола“ и оти за тоа најверојатно ќе им требаат уште неколку часа.