Познатиот рапер Лил Вејн се почести со нова куќа во ЛА од 15,4 милиони долари

Скриените ридови на Кaлифорнија продолжуваат да ги привлекуваат познатите да купуваат недвижности кои им гарантираат луксуз но, и дискретност надвор од очите на љубопитната јавност. Раперот Лил Вејн искешира 15.4 милиони долари за својата нова куќа во елитниот Хидн Хилс северно од Лос Анџелес, каде што ќе има многу познати соседи и ќе биде веднаш зад аголот од Кајли Џенер.

Домот на раперот од 12,135 квадратни метри е зад аголот од Кајли Џенер и остатокот од кланот Кардашијан, и може да се пофали со седум спални и седум бањи, пренесува „Complex.com“.

Имотот се протега на нешто повеќе од три акри и ги има сите карактеристики што можат да се замислат, вклучително и кујна за професионален готвач, игралиште за кошарка и огромен базен.

Сподели