Познат грчки актер и режисер уапсен поради силувања

Грчки театарски актер, режисер и поранешен управител на грчкиот народен театар, Димитрис Лигнадис е уапсен под обвинение за сексуално злоставување на неколку деца.

Лигнадис е обвинет за сексуално злоставување на најмалку две деца, вклучувајќи и 14-годишно девојче. Полицијата вчера го уапси Лигнадис, откако медиумите со денови пишуваа за обвинувањата. Лигнадис ги отфрли обвинувањата на рочиштето.

Поради обвинувањата, Лигнадис се повлече од својата позиција во Грчкиот народен театар на почетокот на февруари.

Ова е втор ваков голем скандал со сексуално злоставување во театарските кругови во регионот.

Неодамна со вакви тврдења излегоа голем број млади актерки за Мирослав Мики Алексиќ, познат сценарист и режисер кој досега важеше за голем авторитет во актерските кругови.

Сподели