Познат е идентитетот и на третата жртва од несреќата кај Лесковац

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Идентификувана е и третата жртва во автобуската несреќа што вчера се случи кај Лесковац. Тоа е 63 годишна жена од Кавадарци.

Претходно беше утврден идентитетот на останатите две жртви, 68 годишна жена од Кочани и 68 годишен маж од крушевското село Бучин.

Во несреќата се повредени 32 лица. Шестмина сериозно повредени лица по вчерашната трагична сообраќајна несреќа кај Лесковац се наоѓаат во Клиничкиот центар во Ниш, а осум полесно повредени се на лекување во болницата во Лесковац.

Share.