Дуото D’Reamers ја снимија “Поинаков свет”, која е нивна осма песна, а со неа се ближат до крајниот епилог за нивнот албум првенец, кој ќе биде составен од 10 песни. Снимена е во “GreenRoom Sound” студиото на Дамир Пух и Наташа Миха кои директно беа вклучени во самата продукција како и во вокално инстументалниот дел на самата песна. Текстот и мелодијата остануваат на Синиша Карафилоски, а вокалната изведба се препишува на Јордан Џејмс Ивановски.
“Самото дело претставува класичен рок звук кој е сосема типичен за истоимениот стил на D’Reamers. Задржан е акустичниот unplugged звук кој прогресира во текот на целата песна и кулминира во самиот крај” – вели Дамир Пух.
Она што преставува оригиналност и иновативност во македонскиот музички простор е и самото видео кое преставува на одреден начин нацртан стрип за кој беше задолжен младиот уметник Димитар Илиоски.
“Со цртање започнав уште од мали нозе. Со текот на времето тоа ми стана еден вид на хоби и пасија, и токму тука наоѓав мир и уживав во него. Започнав со таа пасија од 2015-та година, и почнав да се експонирам за да стигнам до сега во овој сам проект кој воедно е најголем за мене до сега, за кој пред се сум благодарен на D’Reamers за самата доверба кои ми ја дадоа, и секако дека ќе продолжам да се усовршувам, впрочем и работам на тоа”. – изјави Димитар Илиоски.












