Откако на социјалните мрежи се појави коментар на еден од советниците на Поинаку, следуваа и реакции со негодување за како што се вели нивото на однесување. Со реакција за ова се огласи битолската ЛДП, во која се вели:
„Кога мислевме дека со коритото и чепот на камионите од Комуналец како изум на Чулакоски и со последните настани кои ги прави претседателката на совет заедно со Вмро Дпмне и блокирањето на Битола, глупостите завршуваат, Поинаку го достигна дното се појави уште еден бисер, овој пат од нивниот трет советник Алмир.
Во коментарите на социјалната мрежа Facebook, советникот пишува работи кои не доликуваат на никого, а уште помалку на советник кој е дел од локалната власт во Битола и зема пари од битолчани.
За ваквите изнесени вулгарности и ниски страсти, бараме да им се извини на сите жени, да му се извини на битолчани и да си поднеси оставка.
Граѓаните на Битола не сакаат вакви “настрани” ликови да го водат градот“ стои во реакцијата на битолската ЛДП.












