„Поинаку“ закажа протест пред зградата на општина Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По барање на Поинаку, советот донесе заклучок со кој бара од Владата на Република Македонија на првата следна седница да донесе одлука за субвенционирана струја за граѓаните на Општина Битола.

Вака објави на својот Фејзбук профил Иван Чулакоски советник од Поинаку и го најави протестот кој денеска го организираат пред зградата на општина Битола.

„Бидејќи ова е прв пат едногласно да се изгласа нешто во интерес на битолчани и бидејќи мерката мора да се реaлизира, не само да остане парче хартија, во 16 часот ги повикуваме на протест прво советниците кои гласаа за мерката, градоначалничката , сите битолчани, студенти, средношколци, политичари, пензионери и сите оние кои се свесни за состојбата со аерозагадувањето во која се наоѓа Битола да дојдат пред општина Битола и заедно сите да го искажиме својот револт и да ја повикаме Владата на РМ за итно решавање на проблемот.Ги повикуваме сите оние кои знаат дека воздухот нема политичка ориентација и дека болестите не одбираат партиска припадност“ стои во повикот за протест.

Share.