Политичарите на денот на изборите

Вчера се одржаа 7- те по ред локални избори во државата. Гласаа граѓаните, но гласаа и политичарите. Во Битола битката за градоначалничката фотелја се водеше помеѓу двете најголеми политички партии, односно ривали беа Коњановски и Кондовски. На крај граѓаните довебата му ја дадоа на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Тони Коњановски.

Тие вчера го остварија своето право на глас. Очекувањата и кај двајцата беа големи, секој од нив се надеваше дека токму тој е идниот татко на градот.

Кампањата помеѓу двата изборни круга претседателите на најголемите политички партии во Битола Милевски и Ќурчиевски ја отценија како кампања со притисоци врз граѓаните. Двата со очекувања дека токму нивниот кандидат ќе биде идниот градоначалник на БитолаПрашавме што мислат кој ќе го направи мнозинството во советот.

Од Битола имаме и три дами кои ги претставуваат битолчани во собранието. Ангелевска и Лозановска од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и Костадиновска Стојчевска од СДСМ и коалицијата. Вчера и тие го остварија своето право на глас.

Своето право на глас го оствари и градоначаланичката на Битола Наташа Петровска.

Петровска се уште актуелна градоначалничка, но во заминување, а Груевски актуелен претседател на советот кој според изборниот резултат ќе биде иден советник.

Ваква беше вчерашната слика и вчерашните нивни очекувања на неколку часа пред молкот, односно пред моментот на соопштување на одлуката кој победи.

Сподели