Политичар со неуспешна кариера пукал кон имигранти во Италија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Лука Траини (28) кој во италијанскиот град Мачерата, повреди шестмина африкански имигранти, минатата година бил неуспешен кандидат на анти-имигрантската партија „Северна лига“.Имено, тој бил кандидат на локалните избори во блискиот град Коридонија, објавија тамошните власти. Коридонија, според податоците од интернет, до 1931-ва година се викала Паузула, а новото име на местото го дал лично фашистичкиот лидер, Бенито Мусолини.

Градоначалникот на Мачерата, Романо Каранчини, претходно изјави дека во вчерашното пукање биле повредени африкански имигранти, од кои едно лице има повреди опасни по живот, а високата претставничка на Демократската партија (ПД), Дебора Серакјани, објави дека уапсениот напаѓач за време на нападот покрај на минувачите, пукал и кон и седиштето на таа партија во Мачерата.

„Лудакот кој пукал на невооружени граѓани и врз седиштето на ПД е член на Северната лига и беше нивни кандидат во општинските избори во 2017 година“, изјави Серакјани.

Градоначалникот Каранчини за локалните телевизии изјави дека во пукањето биле повредени петмина мажи и една жена.

Се тврди дека напаѓачот, 28-годишен Италијанец, немал криминално досие и дека мотивот за пукањето засега е непознат, иако инцидентот се случи по неколку дена откако во Мачерата беше пронајдено распарчено тело на италијанска тинејџерка, скриено во два куфера, за чие убиство пак е осомничен 29-годишниот нигериски имигрант, Иносент Озегале.

makfax.com.mk

Share.