Политичката криза во Ерменија се продлабочува

0
148

Лидерот на опозицијата во Ерменија Никол Пашинијан повика на „целосна блокада“ на патиштата, возовите и аеродромите во земјата, откако парламентот не го избра за премиер.

Водачот на ерменските антивладини протести власта Никол Пашинијан, кој го принуди лидерот ветеран на Ерманија Серж Саркисијан да се повлече, објави кампања за граѓанска непослушност на национално ниво откако владејачката партија ја спречи неговата кандидатура за премиер.

Обраќајќи им се на десетици илјади луѓе кои се собраа на плоштадот во ерменскиот главен град Ереван, Никол Пашинијан најави дека неговите поддржувачи ќе ги блокираат патиштата, железниците и аеродромите.

Ваквиот вид блокада во оваа мала поранешна советска држава го продлабочува несогласувањето меѓу движењето на Пашинијан, кое мобилизираше илјадници луѓе да излезат на улиците и владејачката елита која е решена да се држи до власт и се уште го контролира безбедносниот апарат.

По неколкудневните протести, Серж Саркисијан во минатата недела се повлече од функцијата премиер.

slobodnaevropa.mk