Полицаец прободен од човек што викал „Алаху акбар“ во Брисел

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Човек со нож прободел полицаец пред полициската станица во центарот на Брисел, потврдија властите. Напаѓачот, наводно, извикувал „Алаху акбар“ за време на нападот.

Инцидентот се случил утрово во областа Иксел, која се смета за богат дел од белгискиот главен град.

Полицискиот службеник во нападот претрпел мали повреди на вратот, велат официјалните претставници, како што цитира РТБФ. Еден од колегите на жртвата припукал кон напаѓачот, ранувајќи го во градите.

Сепак, портпаролот на полицијата изјави дека е „премногу рано да се каже што било“ за инцидентот, додавајќи дека мотивите на напаѓачот допрва треба да се испитаат.

Реагирајќи на инцидентот, министерот за внатрешни работи, Јан Жамбон, истакна дека полицијата „уште еднаш е жртва на кукавички напад“.

mkd.mk

Share.