Полицијата го убила напаѓачот во Стразбур

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Полицијата синоќа го убила Шериф Шекат кој го извршил нападот на божиќниот пазар во Стразбур.

„Тоа се случило во еден кварт на градот, а во текот на потрагата по него“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер.

Според министерот, осомничениот бил забележан од припадници на полицијата како оди по улица и во обидот да го приведат тој почнал да пука врз нив.

Останува да се види и дали во нападот се вмешани родителите и браќата на Шехат, кои беа уапсени веднаш по божиќниот напад.

Share.