ТЕРА

REKLAMA???

ПОЛИЦИЈАТА КАЈ ПЕНЗИОНЕРИТЕ, ПРЕВЕНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНО ЛЕТО

Отсекот за превенција при СВР Битола заедно со Полициската станица Битола беа во посета на Здружението на пензионери на Битола.

На состанокот со пензионерите, во непосредна комуникација со нив им беше укажано на мерките за заштита и самозаштита од разбојништва, кражби, џебни и дрски кражби, измами при купување на огревно дрва, лажни сообраќајни незгоди кои измамниците ги прават преку телефонска комуникација и други важни совети кои ќе им користат на повозрасната категорија граѓани за истите да се самозаштитат.

Покрај едукативно – информативниот карактер, целта на активноста е заштита и спречување, односно намалување на бројот на кривични дела од областа на имотните деликти, злоупотреби, измами со банкарски сметки, подигнување на пари од банкомати и сл.