Полицијата предупредува на внимателност

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во зимски услови, лизгави тротоари и коловозни ленти се најчестите  фактори  кои влијаат на безбедноста на пешаците, затоа  што секоја година во овој период од годината, има чести случаи на повредени  лица -пешаци и лица учесници во сообраќајни незгоди. СВР Битола денеска со неколку препораки.

 -РОДИТЕЛИТЕ И УЧЕНИЦИТЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ОД УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА, ПОВЕЌЕ ДА ВНИМАВААТ И БЕЗБЕДНО ДА СЕ ДВИЖАТ ПО НАЈБЕЗБЕДНИОТ ПАТ ОД ДОМОТ ДО УЧИЛИШТАТА И НАЗАД ВО ОВИЕ ЗИМСКИ УСЛОВИ .

-СЕКОГАШ ПЕШАЦИТЕ ДА СЕ ДВИЖАТ ПО ТРОТОАР .

 -ПРЕМИНУВАЊЕТО ПРЕКУ КОЛОВОЗ  СЕКОГАШ ДА СЕ ВРШИ НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН,ПЕШАЦИТЕ ДА НЕ СЕ ДОВЕДУВААТ ВО ОПАСНОСТ СО ПРЕМИНУВАЊЕ НАДВОР ОД ПЕШАЧКИ ПРЕМИН.

 -ДВИЖЕЊЕТО ДА Е ВНИМАТЕЛНО И СПЛАНИРАНО И ДА НЕ СЕ РИЗИКУВА ПРЕМИНУВАЊЕ ПРЕКУ КОЛОВОЗ ПО „СКРАТЕН ПАТ “ СО  ОГЛЕД НА ФАКТОТ ДЕКА СОПИРАЧКИОТ ПАТ НА ВОЗИЛАТА ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ Е ПОДОЛГ .

 -ДА НЕ СЕ ТРЧА  ПРИ ПРЕМИНУВАЊЕ ПРЕКУ КОЛОВОЗ- ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СВЕТЛОСНИТЕ СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ -СЕМАФОРИ И ДА СЕ ИЗБЕГНУВА ТРЧАЊЕТО ПО ГРАДСКИ АВТОБУСИ НА АВТОБУСКИ ПОСТОЈКИ .

 -ДА СЕ ИЗБЕГНУВА НОСЕЊЕ НА ТОРБИ КОИ ЈА НАРУШУВААТ РАМНОТЕЖАТА  НА ТЕЛОТО НА ПЕШАКОТ .

 -ДА СЕ НОСИ СВЕТЛА ОБЛЕКА, ОСОБЕНО ВО УТРИНСКИТЕ И ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ, А ПО МОЖНОСТ ОБЛЕКАТА ИЛИ ТОРБИТЕ ДА ИМААТ РЕФЛЕКТИРАЧКИ НАЛЕПНИЦИ ЗА ПОДОБРО ЗАБЕЛЕЖУВАЊЕ ОД ДРУГИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ .

-БЕЗ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ДОДЕКА СЕ ДВИЖИТЕ – РАССЕАНОТО ДВИЖЕЊЕ Е ОПАСНО.

Share.