ТЕРА

REKLAMA???

ПОЛИЦИЈАТА СЕ СУДРИ СО ДЕМОНСТРАНТИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕХЕРАН

Во Иран и во неколку други земји се одржуваат протести по смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина откако беше приведена од полицијата за морал, бидејќи наводно не се придржувала до строгиот исламски кодекс на облекување во земјата. Висок ирански функционер ги повика безбедносните сили строго да се справат со демонстрантите.

На социјалните мрежи се појави видео од луѓе кои трчаат по улица во близина на универзитетот Шариф во Иран додека се слушаат пукотници во близина. Безбедносните сили фрлија и солзавец за да ги избркаат студентите од кампусот, ова се едни од најсериозните протести во земјата по смртта на Махса Амини.

22-годишната жена почина откако беше приведена од полицијата за морал поради наводно непридржување до строгиот исламски кодекс на облекување во земјата, а нејзиното семејство тврдеше дека била „мачена“.

Во неделата, претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Калибаф предупреди дека протестите поради нејзината смрт може да ја дестабилизираат земјата.