Полицијата спречила терористички напад на полумаратонот во Берлин

0
264

Полицијата спречи терористички напад на Берлинскиот полумаратон, објави електронското издание на весникот „Велт“.

Полицајците уапсиле четири лица, меѓу кои еден главен осомничен кој планирал напади со нож врз гледачи и учесници на спортскиот настан.

Осомничениот бил близок познаник на Тунижанецот Анис Амри кој изврши напад врз божиќниот базар во Берлин во декември 2016 година при што загинаа 12 луѓе.

Мажот одамна бил под надзор од страна на полицијата, поради што не постоела конкретна закана.

Според информации на безбедносните сили, тој сакал да се одмазди за смртта на Амри кој беше застрелан од полицијата во Италија неколку дена по нападот во Берлин.

Претходните денови имаше напад со комбе при што без изгазени луѓе, но засега властите не соопштија официјално дали се работи за тероризам или за ментално болен човек.

faktor.mk