Полуматурантите на пазар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Учениците прашуваа вработените во ЈП Пазари и тезгаџиите одговараа. Денес во посета на ЈП Пазари учениците од 9-то одделение од ОУ „Даме Груев“ во Битола. Младите имаа можност од блиску да се запознаат со можностите кои што ги нуди ова јавно претпријатие како и со понудата и квалитетот на производите кои што се продаваат на тезгите.

-Во заеднички разговор и на иницијатива на ЈП Пазари, денес наши гости се учениците од 9-то одделение од ОУ „Даме Груев“. Иницијативата е иницирана од наша страна за да ги запознаеме младите за начинот на работењето на ЈП Пазари, начинот и можностите за купување на храна, меѓутоа и начинот на водење на бизнис во ЈП Пазари, рече Никола Ивановски, вработен во ЈП „Пазари“.

Учениците во 9-то одделение го изучуваат предметот „Вештини за живеење“, во рамки на истиот во наредниот период ќе учат за тоа што значи ученикот да биде потрошувач

-Учениците одблиску можат да се запознаат со добивањето на намирниците и ова за  нив е доста позитивно. Ова што денеска го видоа можеме да го поврзиме со нашиот предмет кој што го изучуваат „Вештини за живеење“, рече Данијела Босилковска, наставник во ОУ „Даме Груев“.

Заедно во обиколката на пазорот беше и  Кевин Јанг  од мировен Корпус, кој веќе две години е во Македонија. Тој заедно со неговата сопруга живеат во Демир Хисар и она што ги интересираше учениците беше тоа како го научил македонскиот јазик и што е она што најмногу му се допаѓа во Битола.

-Многу ми се допаѓа во Битола, луѓето се гостопримливи, имате добра храна. Многу ме интересира културата и вашата историја, рече Кевин Јанг  од мировен Корпус.

Јавното претпријатие Пазари- Битола е во сопственост на најголемиот пазар во регионот во кој во пазарен ден фреквенцијата на граѓани достигнува и до 2000 посетители.

Share.