Помалку „Жолти елеци“ на Шанз-Елизе: Демонстрантите во Париз бараат оставка од Макрон

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Париз е „помалку жолт” оваа сабота, со тоа што само неколку стотици луѓе излегоа на авенијата при големо присуство на полицијата. Ова време пред една недела бројот на демонстранти беше многу поголем и собирите резултираа во тешки судири.
Најмалку 92 лица се притворени, а 53 се приведени во Париз, соопшти полицијата. Во ова време минатата сабота бројот на притворени веќе достигнал 500 лица.
Како и во претходните недели, Жолтите елеци почнаа да се шират и низ други региони во Франција. Во градот Ним во јужна Франција демонстрантите поставиле барикади на патарина.

mkd.mk

Share.