Промоција на „Математичка поезија“ најдобрата книга за 2020 година

„Математичка поезија“ е најдобрата книга за 2020 година. Ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија.

Автор е Даниела Андоновска-Трајковска, редовен професор на Педагошкиот факултет во Битола, каде и што ја имаше својата промоција.

Издавач е Центарот за култура и културолошки студии од Скопје. На промоцијата говореа Мишел Павловски, Гордана Стојаноска и Весна Мундишевска-Велјановска.

Професорката Андоновска-Трајковска е авторка на еден Универзитетски учебник со наслов „Критичка писменост“, две стручни публикации во водството во образованието, три збирки на раскази и осум поетски книги.

Сподели