Понеделник неработен за сите, петок за православните верници

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  9 април 2018 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Исто така, Петок, 06 април е неработен ден за припадниците на православната вероисповест.

Share.