Поништен тендер во РЕК Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тендерот за избор на фирма за технолошко чистење во РЕК Битола е поништен на 6 март годинава откако е утврден пропуст во тендерската документација, т.е. во предметот на набавката. По добивањето на дополнителната документација од службата во рудниците во РЕК Битола, каде треба да се врши чистењето, следната недела тендерот повторно ќе биде објавен, информираат од АД ЕЛЕМ.

Паралелно со овој тендер, односно до избор на фирма со електронско наддавање, потенцираат, во скратена постапка се повикани пет фирми да достават понуди.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека раководството на ЕЛЕМ поништи транспарентен јавен повик за ангажирање на работници за потребите на РЕК Битола и склучи милионски договор во четири очи.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со одговорното, транспарентно и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ и државните и јавни институции и претпријатија и затоа секојдневно измислува лажни вести, порачаа од СДСМ.

Share.