Пообилни врнежи од дожд во текот на ноќта

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

И во текот на ноќта ќе има пообилни врнежи во западните и јужните делови и локално се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог, а на планините снежната покривка значително ќе се зголеми. Ќе дува умерен а вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер, кој во вечерните и ноќните часови ќе предизвика транспорт на жолт песок од северна Африка.Така можно е врнежите да бидат жолто обоени и на тлото да се таложи песок.

Времето утре променливо облачно со повремен локален дожд, на планините снег. Ќе дува умерен јужен ветер. Т-мин. од 1 до 5 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 6 до 12 степени.

И во вторник ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на планините од снег. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Потоа од среда следува период на стабилно и суво време, а од четврток со значителен пораст на дневната температура.

Share.