Пообилни врнежи од дожд во југозападните делови на земјава

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 13 Охрид, 7 Лазарополе, 5 Маврово, Претор, Крушево, 4 Битола, Дебар, 3 Демир Капија, 1 Тетово, Струмица, Прилеп, Тополчани.

Времето денес претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни врнежи ќе има во југозападните делови, локално над 20 л/м2.

Попладне на места врнежите ќе бидат проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

 

Share.