Поплава во кабинетите на техничкото училиште

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По наглото топење на снегот и зголемувањето на температурите се поплавија подрумски кабинети во техничкото училиште  „Ѓорѓи Наумов“-Битола.

Причината за ова, како што рекоа од училиштето најверојатно е понирање на вода во подрумот која  е резултат на оштетна атмосферска канализација или пак евентуално постоење на подземни води.

Имало и пропаѓање на дел од подовите кои се со мермерни плочки.

И велат дека проблемот е наследен,  за истиот е алармирано до Општина Битола и до сега немало решение.

Општина Битола е запозната за оваа состојба и се бара заедничко решение за надминување на проблемот, пишува Апла.мк.

Share.