Попладне краткотраен дожд со грмежи во планинските предели

0
386

Сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските предели ќе има краткотраен слаб до умерен дожд проследен со грмежи особено на запад и на север.

Утре ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотрајна нестабилост особено на југоистокот, а ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер.

Во четврток во планинските предели особено на запад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а ветерот повремено ќе засилува.

Потоа ќе продолжи период на променливо облачно и нестабилно време во кој претежно во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, понекаде поројни и проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во четврток и сабота, особено во западните делови.