Утрово беа измерени 6 степени во Лазарополе, 7 Берово, 8 Попова Шапка, Маврови Анови, 10 Охрид, Битола, Крива Паланка, Претор, 11 Скопје-Петровец, Куманово, Тетово, Дебар, Крушево, 12 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 13 Штип, Виница, 14 Струмица, Демир Капија, 15 Дојран, 16 Гевгелија.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Утрово е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Времето денеска претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. Во Битола до 24 степени.












