Утрово 12степени во Берово, 13 Лазарополе, 15 Маврови Анови, 16 Битола, Попова Шапка, 17 Тетово, Претор, Крива Паланка, 18 Скопје-Петровец, Охрид, Струмица, Прилеп, Крушево, 19 Штип, Куманово, Демир Капија, Виница, 20 Гевгелија, Велес, Кавадарци, 22 Скопје-Зајчев Рид, Дојран.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, утрово е сончево со мала локална облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. Во Битола до 34 степени.
УВ индексот 7.












