Утрово 6 степени во Лазарополе, Попова Шапка, 9 Маврови Анови, Претор, 10 Крива Паланка, Охрид, Крушево, 11 Берово, 12 Битола, Дебар, 14 Тетово, Прилеп, Виница, 15 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Велес, Кавадарци, 16 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, 18 Гевгелија.
Најмногу дожд 14 л/м2 наврнаа во Пожаране, Дебар, 13 Виница, 7 Маврови Анови, 6 Претор, Берово, Попова Шапка, 5 Охрид, 4 Крива Паланка, Лазарополе, 2 Скопје-Петровец, Штип, 1 Тополчани, Велес, Кавадарци.
Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со повремен локален дожд. Утрово е сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови. Дува слаб променлив ветер.
Денеска променливо облачно со повремен локален дожд. Од пладне, особено во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени. Во Битола до 23 степени.












