Попладне претежно облачно време

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста од запад и југозапад ќе се зголемува и до крајот на денот ќе биде претежно облачно. Во текот на ноќта во југозападните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб променлив, а попладне вдолж Повардарието повремено умерен југоисточен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. Во Битола до 27 степени.

Утре претежно облачно, на југозападот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Дневните температури од 18 до 29 степени, во Битола до 22.

Сподели