Утрово 8 степени на Попова Шапка, 11 Лазарополе, 12 Крушево, Маврови Анови, 14 Берово, Претор, Крива Паланка, 15 Охрид, Прилеп, Виница, Битола, 16 Дојран, Тетово, Кавадарци, Дебар, Штип, Струмица, Куманово, Демир Капија, Гевгелија, 17 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес.
Најмногу дожд 38 л/м2 наврнаа во Охрид, 27 Маврови Анови, 23 Крушево, 17 Лазарополе, 16 Штип, Пожаране,15 Виница, 14 Попова Шапка, 13 Битола, Прилеп, 12 Дебар, 10 Куманово, Тетово, Крива Паланка, 9 Скопје-Петровец, Претор, 8 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 7 Велес, 6 Кавадарци, 5 Пожар, 4 Струмица, Берово, 3 Дојран, Гевгелија.
Забелешка: Количините на врнежи се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.
Во текот на ноќта и утрово преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Дува слаб ветер од јужен правец.
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени. Во Битола до 24 степени.












