Попусти на реотворањето на dm во Битола

TERA: Измина речиси еден месец откако ние, а и многу битолчани, последен пат ја посетија омилената дрогерија и имаа можност да си ги набават омилените производи од dm. На почетокот на месец септември, од ова исто место известувавме за затворањето на дрогеријата по повод нејзиното реновирање, а денес сме повторно тука на нејзиното реотворање.

Како наш соговорник денес го имаме Васко Мирчевски, раководител на филијала. Васко , после еден месец, битолчани и битолчанки повторно ќе можат да уживаат во омиленото место за пазарување. Што се промени во овие месец дена во оваа дрогерија?

Васко: Најпрво би сакал да ви се заблагодарам за вашата посета и да ви посакам добредојде во нашата реновирана дрогерија. Во овој месец, додека бевме затворени, нашата дрогерија претрпе одредени козметички измени, со цел, истата да ја направиме уште попијатна за пазарување за нашите купувачи, како и поедноставна за работа за нашите колеги и колешки.Инвестирано е во целосно нова опрема, но и проширени се одредени категории на произоводи, се со цел максимално да се задоволат потребите на нашите купувачи.

TERA: Во што ќе можат да уживаат битолчани на ова реотварање?

Васко: Покрај новото поефикасно уредување и асортиманот на повеќе од 14.000 производи, за ова реотворање подготвивме добра забава со ДиЏеј, како и дополнителни попусти од -15% на апсолутно сѐ..и на веќе намалените производи. Ова е наша активност која прераснува полека во традиција бидејќи е навистина е барана и посакувана од нашите купувачи, па затоа за реотварањето решивме повторно да ги понудиме овие попусти кои ќе траат 4 дена, односно од денес, 30 септември па сѐ до недела, 3 октомври.

TERA: dm, покрај оминелно месот за купување на дрогериски производи, на сите нас ни е позната и како комапнија која се грижи за средината во која делува. Дали се планира некоја општествено-одговорна активност и во Битола?

Васко:
Токму така.  dm e компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност. Тоа до сега го имаме докажано на во многу наврати преку бројни донации кон различни институции. Хумантарна донација имавме и при нашето отворање на дрогеријата во Битола, а oваа пракса нема да биде исклучок и на ова реотворање. Овој пат,нашата донација ќе биде упатена кон Основно училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ од Битола.


TERA:
Васко, ти благодариме што беше гостин во нашата емисија. За крај, што би им порачале на нашите гледачи?

Васко: Ви благодарам и на вас, што сте дел од нашето реотворање и што редовно ги следите и известувате за нашите активности. Би сакал да ги повикам сите битолчани да ја посетат нашата разбавена дрогерија и да уживаат во добар шопинг со супер атмосфера и одлични попусти кои ќе траат до 3 октомври.

Сподели