Поради грешка на административните службеници, трошоците за бифеата не се точни

0
480

Што се однесува на трошењата во институциите за угостителски услуги, за жал, некои административни службеници не го разбрале укажувањето дека е неопходно да ги пријават само трошењата на министрите, а не и трошењата на сите што се овластени да потпишуваат во рамките на министерствата и тука има една мала недоследност, што во меѓувреме ќе се искоригира, вели министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

Од алатката објавена на веб-страницата на Владата трошоците на дел од министрите направени во бифеата беа преголеми, по што во јавноста се јавија низа реакции. И од Владата реагираа дека трошоците направени во бифеата во дел од министерствата се одобрени и потпишани од министрите, пријавени во извештаите за отчетност, а се користени од голем број административни службеници и граѓани исклучиво за потребите на работните состаноци за реализација на програмата на Владата.