Поради дефект прекин со водоснабдувањето во Брусничка населба, поставена цистерна со вода

Поради дефект на пумпната станица Кирил Мајски во Нова Битола, која го снабдува со вода делот над Брусничка населба до селото Брусник, без водоснабдување ќе бидат граѓаните во овој дел од градот, информираат од ЈП Водовод.
Од таму велат дека се работи на санација на дефектот, а во меѓувреме нашите сограѓани ќе можат да полнат вода од цистерната што е поставена пред ресторанот Чифлик.
Сподели