Поради обилните снежни врнежи забрана на движење на тешки товарни возила на „Пресека“, „Буково“и „Ќафасан”

0
733

Поради обилните снежни врнежи на подрачјето, полиција презема засилени мерки за безбедност и контрола на сообраќајот и спроведува мерки за забрана на движење на тешки товарни возила кон планинските премини „Пресека“, „Буково“ и кон граничниот премин „Ќафасан“.

Од МВР напоменуваат дека забрана за движење кон планинскиот превој „Буково“ важи и за патничките моторни возила. Во таа насока, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, поставија сообраќајни контролни пунктови кај „Подмолје“ на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај „Емо“ во близина на селото Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен.

На овие патни правци не се дозволува движење на тешки товарни возила а посебно напоменуваат дека забраната за движење се однесува и на патничките моторни возила. Поради тоа, а со цел избегнување на несакани последици, апелираат на исклучива нужност во користењето на патничките автомобили, а кон споментите  патни правци и целосно почитување на важечките забрани за движење на тешките и други моторни возила и секако почитување на инструкциите и насоките на полициските службеници кои се на терен. Воедно, потсетуваат дека за сите моторни возила неопходно е носење и користење на зимската опрема.