Порака за мир испратена во вселената

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пораки за мир денеска младите испратија од Градскиот парк во Битола, на настанот „Шаренилото не обединува“ кој што го организираше МКЦ од Битола. Порака во временската капсула гласеше „Ако мирот владее со духот, светот ќе ги следи акордите на љубовта и единството“.

-Целта на настанот е да испратиме порака за глобален мир и разбирање. Сите заедно ќе го обоиме светот со боите на различностите затоа што секоја боја има приказна, затоа што секоја личност е посебна боја, затоа
што шаренилото обединува и го прави светот прекрасно место за живеење.Со перфоманс креиравме поле на мирот, засадивме дрво на мирот, и во временска капсула испративме порака до вселената за вечен мир, рече Маја Ангеловска, МКЦ-Битола.



Настанот се реализира во рамки на прокетот Поделено минато-Заедничка иднина кој се имплементира во 7 земји во регионот на Западен Балкан и Турција, од страна на конзорциумот од 19 организации. МКЦ Битола и Прогрес-институтот за социјална демократија се партнери од Македонија.

Share.