Поранешен руски шпион веројатно отруен во Англија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Солсбери, Англија, две лица се во болница поради сомневање за труење. Едно од нив е поранешен агент од Русија, јавуваат британските медиуми. Приказната потсетува на сличен случај пред дванаесет години.

Според полицијата, во Солсбери, град кој се наоѓа југозападно од Лондон, човек на возраст од 60 до 70 години и на жена на возраст од 30 до 40 години се префрлени во единицата за интензивна нега во локалната клиника, откако била пронајдени онесвестени на клупа во трговскиот центар во градот. Според инфромациите на полицијата, и двете биле префрлени во болница поради сомневање за труење од „непозната супстанција”.

Според Би-Би-Си и други британски медиуми, пронајдениот маж веројатно е 66-годишниот Сергеј Скрипал, поранешен полковник на руската воена разузнавачка служба. Тој работеше за Британците и во 2006 година во Русија беше осуден на 13 години затвор за шпионажа за Велика Британија. Во 2010 година, тој дојде во Обединетото Кралство по размената на затвореници. Британскиот весник „Гардијан” објави дека Скрипал бил отруен со силниот опијат фентанил.

dw.com/mk

Share.