Последните недели во Битола има тренд на покачување на нови случаи на Ковид 19

Тестирани се вкупно 26.142 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,0% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.933 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 6,9% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 21,0 до 35,2%, просечно 29,3%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=2.392, 30,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=1.422; 17,9%), 30-39  (n=1.414; 17,8%),  40-49 (n=1.313; 16,6%) и 20-29 (n=917; 11,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=94; 1,2%) и 10-19 години (n=381; 4,8%). Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10-19 години (17,6%) и 60+ (16,1%), додека во групата од 0-9 години забележуваме намалување (29,9%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 4.040 (50,9%) лица од женски и 3.893 (49,1%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.861 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 19,8% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 260 смртни случаи од 27 градови, 27,5% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 215 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 13 лица од возрасната група од 40-49 години, 4 лица од 30-39 години и едно лице од 20-29 години.

Каква е состојбата во Битола?

Битола е еден од градовите во државата каде последните неколку недели најмногу се шири Ковид 19. Епидемиолозите сметаат дека причината за зголемувањето се особините на британскиот сој, но и непочитувањето на мерките.

– Особено не на дистанцата и групирањето, тоа беа фактори, изминатиот период мерките не се почитуваат и дојдовме до овој стадиум. Тоа е врзано со особините на британскиот сој, се шири  многу побрзо, се шири и кај помлади луѓе, 20-30 години, што во претходните бранови беа поштедени на некој начин. Во Битола, претходната недела бројките беа повисоки од претходните недели, макар што, ова покачување трае 4- 5 недели. За седум дена, во регионот што Битола го покрива, имавме 782 новорегистрирани случаи, од кои, во Битола имаше 555 со некое неделно зголемување од 76 проценти, велид-р Елизабета Крстева, директор на ЦЈЗ Битола.

 

Сподели