Поставен услов за да не исчезнуваат пешачките премини

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пред стартот на школсата година започна бележењето на хоризонталната сигнализација низ сообраќајниците во Битола. На забелешките зошто тоа не се прави, од општината со одговор дека на првиот тендер не се јавила ниту една фирма.

„Забелешката беше затоа што веднаш исчезнува хоризонталната сигнализација, токму затоа го објавивме првиот тендер кој бара повисок квалитет на боја, на кој за жал не се јави никој изведувач“ вели градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

Потоа општината објави втор тендер каде што Петровска настојувала изведувачот на работите, односно оној кој ќе го добие тендерот да има и друга обврска. Претпоставува дека на првиот не се јавил никој, можеби заради повисоките критериуми кои биле поставени во тендерската докуметација.

„Значи зборувавме тогаш за спецификација која што го образложуваше квалитетот на бојата и кога видовме дека имаме проблем со тоа, во вториот повик кажавме дека ќе одиме со рокови и договорите кои што се потпишани ги содржат тие рокови. Значи доколку имаме за побрзо од шест месеци бришење на бојата на хоризонталната сигнализација, без надоместок оној кој што е изведувач, да изврши поворно бележење на хоризонталната сигналиација, што никогаш досега во договорите го немало“ вели таа.

Петовска вели дека оваа измена е направена во интерес на граѓаните, за да не се случуваат примери како во други случаи кога исчезнувале пешачките премини.

Share.