ТЕРА

REKLAMA???

ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ, ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА ДО 15 СТЕПЕНИ

Утрово -3 степени на Попова Шапка, -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови, 2 Крушево, 4 Крива Паланка, Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Претор, Куманово, 6 Скопје-Петровец, Берово, Охрид, Битола, Штип, Струмица, 7 Прилеп, Велес, Кавадарци, 8 Демир Капија, Дојран, 9 Гевгелија.

Најмногу дожд 32 л/м2 наврнаа во Виница, 25 Берово, 19 Лазарополе, 16 Радовиш Пожар, 15 Штип, Маврови Анови, 14 Охрид, 13 Крушево, 12 Крива Паланка, Попова Шапка, 11 Струмица, 10 Претор, 9 Скопје-Петровец, 8 Гевгелија, Дојран, 7 Куманово, Пожаране, 6 Демир Капија, Тетово, 5 Ѓуриште, 4 Скопје-Зајчев Рид, Велес, 3 Кавадарци, 2 Прилеп.

Преовладуваше облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Наместа дуваше умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

Денеска променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени. Во Битола до 15 степени.